Членот на некогашниот бенд „Спајс Грлс“, Гери Халивел се омажи за шефот на Формула 1 Кристиан Хорнер. Нејзина желба била да ги собере семејството и пријателите, но не минало се според планот. Не се појавиле родителите на нејзиниот сопруг кои се противат на нивниот брак. На венчавката не стигнаа ни Викторија Бекам и Мел Си. Сепак Викторија се извадила и на Инстаграм објавила стара заедничка фотографија покрај која напишала „Мојата преубава пријателка. Ви праќам љубов и среќа“.

Покрај Гери освен нејзинaта ќерка Блуебел која ја доби од претходната врска, биле пејачката Ема Бантон и мел Би. Родителите на младоженецот сеуште не можеле да се помират со фактот што нивниот син поради Гери ја остави партнерката Беверли Ален со која бил во врска последниве 14 години.