Поранешната членка на групата „Спајс Грлс“, Гери Халивел, раскажала дека своевремено се обидела да го смува Џорџ Мајкл, не знаејќи дека е геј. Сонувала да се омажи за него и вежбала бакнување со неговиот постер.

Кога конечно се сретнале, почнала да флертува со него, но повратна реакција немало. Потоа се слушнале по телефон и тој почнал да зборува за своето момче. Гери, која подоцна со Мајкл станала блиска пријателка, рекла дека била во шок и се чудела како можела толку да погреши.