Австралискиот авиопревозник Квантас, чиј авион минатиот месец морал принудно да слета поради квар на моторот, доживеал нов инцидент, овојпат поради нервозен гепард кој го приморал пилотот да го одложи полетувањето на авиониот. Дивата мачка, во трансферот меѓу две зоолошки градини, им задала проблеми на работниците за време на товарењето на авионот, па комапнијата морала да го одложи полетувањето за еден час.
Авионот конечно полетал по 50 минути доцнење, но без гепардот кој морал да го сочека следниот лет од Мелбурн до Аделаида. Портпаролот на авиокомпанијата рекол дека оваа ситуација не била невообичаена бидејќи превезувале многу пингвини, крокодили, нилски коњи и разни други животни.