Партнертката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез прв пат јавно проговори за средбата со португалскиот фудбалски ас и здравиот начин на живот кој двајцата го практикуваат. Преубавата Георгина е верна сенка на Роналдо на стадионот во Торино и на сите церомонии ширум светот.
Георгина изјави дека се тресела од нервоза кога го запознала Кристијано. Првата средба двајцата ја имале во бутик во Мадрид каде Георгина работела. Денеска, двајцата живеат заедно, а Георгина на свет ја донесе Алана Мартина. Таа, исто така се грижи за децата на Кристијано кои се добиени од сурогат мајка.
Роналдо ми го привлече вниманието со височината, телото и убавината. Се тресев од нервоза кога го видов прв пат. Имаше некоја искра од почетокот, но јас сум во основа многу срамежлива личност и можеби тоа ме вознемири со тој длабок поглед. Подоцна, начинот на кој се однесува кон мене и начинот на кој ме сака го направи преостанатото. – изјави Георгина за магазинот „Грација“.
Роналдо е познат како неверојатен спортист, а Георгина длабоко е навлезена во јогата. Таа смета дека успехот е во фокусот односно да се прави нешто професионално и со многу љубов.
Нашиот живот е основан на посветеност и тотален фокус во тоа што го правиме. Со здрави и организирани животи достигнуваме чувство на среќа и добрина. Сакам моите деца да бидат дел од тој посебен живот, сакаме да им дадеме најдобро образование, но нема да живеат под стакло. Мораат да бидат скромни и да не го загубат чувството со реалноста. – заврши Георгина.
OhridNews