Физичката пресметка во Парламентот не може да се оправда со ништо, со никаква етика или политика, иако сега некој сака тоа да го оправда, рече претседателот на Собранието на Р. Македонија, Љубиша Георгиевски, на трибината „Македонија и регионот“ што синоќа се одржа во големата сала на општина Охрид.
Тој информираше дека за утре свикал состанок со координаторите на парламентарните партии со цел да се изнајде начин за одблокирање на работата на Комисијата задолжена за расветлување на неодамнешните инциденти во Собранието.
Георгиевски директно не одговори дали има намера да се сретне со Мендух Тачи , но рече дека доколку ДПА не покаже добра воља да се врати во работата на комисијата, тогаш ќе се бара друго решение, не прецизирајќи какво.
Запрашан дали има обиди од меѓународната заедница да влијае на лидерот на ДПА за да се одблокира работата на Комисијата, Героргиевски рече дека инцидентот треба да се решава во Парламентот, но дека се зависи од политичките партии и од вољата на пратениците избрани од народот.
ohridnews