– Ставот на Бранко Црвенковски, дека зголемените тензии на меѓуетничка основа се присутни во Република Македонија и дека состојбите не се одвиваат во добра насока, не е ништо ново, затоа што тој став, господинот Љубчо Георгиевски повеќе од една година на неколку наврати јавно го има кажано.Со пласирањето на невистини и тенденциозни изјави, за случувањата во 2001 година, само се потврдува фактот дека Бранко Црвенковски и СДСМ, во тој период не беа на страна на Република Македонија. Имено, тезата дека: ,,Никола Груевски, живее во филмот на Љубчо Георгиевски,, е само груба манифестација на искривување на фактите.
Да го потсетиме господинот Бранко Црвенковски за 2001та година:
-Во 2001 година, во Република Македонија, немаше никаков филм, туку реална војна со реални жртви и со реална опасност за Република Македонија.
-Факт е дека Република Македонија, беше нападната од екстремисти од страна на Косово, на кои им се придружија и екстремистите од Република Македонија.
-Факт е дека на таа агресија, се спротистави само тогашната влада на господинот Љубчо Георгиевски.
-Исто така факт е дека Бранко Црвенковски, во тој период комуницираше со командантите на ОНА, а единствено нешто што го интересираше беше датумот за Предвермени Парламентарни избори.
Ова е вистината за тоа кој каде беше во 2001 година и која за кого работеше-се вели во реакцијата на ВМРО НП.