– На тренинзите ни се врати Георгиевски. Тој нема да конкурира за дуелите со Челси во Лигата на Европа, но тоа најмалку важно бидејќи повредата на ногата е одлично санирана – рече тренерот на Стеуа, Лоренциу Регенкампф.
Веста за санирањето на повредата на Георгиевски со сигурност ќе го израдува селекторот на А репрезентацијата, Чедомир Јаневски, кој на распологање ќе го има за наредните мечеви на македонската селекција.