Репрезентивното крило и поранешен член на Металург, Гоце Георгиевски кариерата ќе ја продолжи во францускиот клуб Тулуз.


– До крајот на сезоната ќе настапувам во Франција. Неочекувано и набрзина дојде до овој трансфер. Среќен сум што нема да направам поголема пауза по заминувањето од Металург. – рече Георгиевски, а пренесува Македонски спорт.

Георгиевски е последниот ракометар од плејадата на Металург, кој заминаа од клубот по финансиската криза која го зафати.

Ohridnews