Македонскиот фудбалски репрезентативец Даниел Георгиевски кариерата ќе ја продолжи во Бундес лигата и тоа во тимот на Ајнтрахт Франкфурт.
26-годишниот Георгиевски, кој моментално настапува за Стеауа по завршувањето на сезона ќе ги смени клупските бои. Стандардниот репрезентативец во А селекцијата, кој е роден во Австралија, претходно ги бранеше боите на Шибеник и Меѓуморје.
Георгиевски во македонската фудбалска репрезентација ги има минато сите категории, а во сениорската веќе има 18 одиграни натпревари.
Мх.П.