Македонскиот репрезентативец Даниел Георгиевски (26), по седум години минати во Европа, реши да се врати во Австралија и оваа сезона да го носи дресот на Малбурн Виктори.

Георгиевски е роден во Австралија но профи кариерата ја изгради во Европа, поточно во хрватските тимови Динамо Загреб, Меѓумурје и Шибеник, последните две години тој беше играч на најтрофејниот романски клуб Стеауа.

Десниот бек има одиграно 20 натпревари за најдобрата фудбалска селекција на Македонија.

 

„Макфакс“