Полни со елан и ентузијазам покрај Охридското езето фудаблерите на Металург ги одработуваат последните тренизни и ги исполнуваат тактичките замисли на тренерот Тасевски пред деби настапот во Лигата Европа. “Зелените” се умерени оптимисти во пресрет на двомечот, велат знаат со кого играат и сметаат дека се кадарни успешно да дебитираат на меѓународна сцена.


Набавен е материјалот, а од на што видовме во кратки црти  се работи за доста солидна екипа.  Во вторник заминуваме за Баку, а ќе имаме два дена да се адаптираме на тамошните услови, Најбитно на првиот натпревар е да не примиме гол, па ако го дадеме уште подобро – вели предовдникот на одбранта, капитенот Мирослав Вајс.

Одбранта ќе биде ставена на испит, а многу работи ќе зависат од диригентот на голот Георгиевски. Тој не стравува ниту од противникот ниту пак од топката “Јабулани“ со која евентуално би се одиграл мечот.

Немам сознанија дали ке играме со Јабулани топката, таму ќе имаме неколку дена да се адаптираме на неа, но со било која топка да играме јас се надевам дека ќе останам несовладан. Азбербјеџанскиот фудбал оди во нагорна линија, имаме квалитетен противник спроти нас, но на крајот мислам дека ние ќе бидеме тие кои што на крајот ќе се радуваат-вели Георгиевски .

Обајцата сметаат дека се  во психолошка предност што реванш мечот се игра во Скопје. По првиот натпревар ќе биде многу појасна сликата, а добра страна е тоа што Карабах меѓународните натпревари ги игра во Баку , а не во Агдам градот од каде што е клубот.

М.П.