Километри и километри мораше “кореецот“ Славчо Георгиевски да прелета за да пристигне во Охрид и да биде дел од македонскиот тим кој в сабота ќе истрча на стадионот во Глазгов. Километрите не се битни кога треба да се игра за Македонија вели Георгиевски.

Горд сум што сум македонец, и многу се радувам што сум тука. Чест ми што сум во овај состав кој се наоѓа до чекор на обезбедување на пласман во баражот и воопшто не ми преставуват проблем далечините и бројните километри кои ги поминувам за да стигнам до Македонија и да играм во дресот со националниот грб.

М.П.