Таеквондистот Дејан Георгиевски со пласманот во големото финале и обезбедениот медал за македонскиот спорт од Олимписките игри во Токио го исполни ветувањето дадено непосредно пред патувањето во Јапонија.

Конкуренцијата е пеколна. На ОИ ќе се натпреваруваат најдобрите 16, но јас сум подготвен за борба. Убеден сум дека можам да победам секого и најавувам медал за Македонија од Олимписките игри во Токио, – ова беа зборовите на Георгиевски во најавата за својот настап во Токио.

Георгиевски во воведната прва борба го реши Светскиот првак Рафаел Алба, победувајќи го со 11-8. Потоа, следуваше борба со Кубане од Брегот на Слонова Коска кој Георгиевски го преслуша со 9-4. Пречка за пласман во големото финале на Георгиевски беше Кореецот Ин Ки Дон. Ривалот подобро го отвори дуелот, но Георгиевски со две фуриозни рунди во своја корист го сврте резултатот и обезбеди меч за златен медал на ОИ.

Во финалето, Георгиевски, ќе се сретне со најдобриот таеквондист во моментов Владислав Ларин. Финалниот натпревар на програмата во 14:45 часот. Директен пренос ќе има на МТВ 1.

OhridNews

 

Фуриознио две рунди на Дејан Георгиевски за финале на Олимписките игри!