Младинскиот македонски репрезентативец Драган Ѓорѓиев од Мајнц е позајмен на Падерборн во втората бундеслига. Мајнц одлучи да го позајми напаѓачот за целата 2010/11 сезона.

– Тој ќе биде играч на Падерборн до јуни 2011. Тој има потенцијал да успее, но во Мајнц ќе беше тешко да се избори за место во тимот. Затоа одлучивме да го пратиме во амбициозен тим кој доста работи со млади играчи – рече менаџерот на Мајнц, Кристијан Хајдел.

Падерборн во новата сезона стартуваше со два идентични 1-0 порази.

Ohridnews