Македонскиот младински репрезентативец Дејан Георгиев е нов фудбалер на германскиот бундеслигаш Мајнц. Германскиот клуб веста за ангажманот на македонецот ја објави на својата официјална веб страна

Екипата на Мајнц го ангажираше Македонецот, Драган Георгиев. 19 годишниот напаѓач во следната сезона ќе настапува како позајмен фудбалер од редовите на ФК Турново.- се вели во соопштението.

Георгиев (19) е роден во Делчево, за Турново во 48 настапи постигнал 13 гола. Напаѓачот дресот на Македонија во младинските категории го носел 23 пати, а 12 пати ги тресел противничките мрежи.

Долги години со успех дресот на Мајнц го носи македонскиот репрезентативец Николче Новески.

М.П.