Дојде време на вистинскиот избор, дојде време на вистинската одлука за Охрид. Дојде време да го изберете најдоброто за вас, за Охрид, за нашата татковина. Во недела вие одлучувате, дали одиме напред или се враќаме назад. Вие одлучувате дали нашиот град ќе продолжи со започнатиот развој и подобра иднина за сите или ќе се врати во неизвесност и деструкција. Нашиот труд и нашите дела се видиливи, вие добро знаете како работиме и колку успеавме да реализираме во текот на изминатиот период, а добро знаете и се сеќавате како беше додека на власт беше сегашната опозиција. Вие добро знаете и видовте кој работи за доброто на градот и охриѓани, а кој бега од одговорност и работи само за освојување на нова функционерка фотелја, рече на денешната завршна прес-конференција кандидатот за градоначалник, Константин Георгиески, на која беа присутни и кандидатите за советници од советничката листа на СДСМ и коалицијата “Најдоброто за мојата општина” и пратеници од Охрид.
Нашата борба за Охрид е реална, а тие и на овие локални избори покажаа дека на цена им се само нивните лични интереси. Доколку толку го сакаа Охрид зошто не поднесоа оставка на функциите кои ги имаат, туку чуваат резервна фотелја и си играат со довербата која им ја довериле граѓаните. Ние сме многу поразлични од нив затоа што не се поколебавме во ниту еден момент. Во Охрид е инвестирано како никогаш до сега и покрај сите турбуленции, проектите не застанаа ниту еден момент и постигнавме реализација каква што немало во цела претходна деценија. Сега е момент да не се поколебате и вие, драги охриѓани и да не дозволите нашиот Охрид повторно да се врати во несигурност и во рацете на незрели политичари без визија и план. Сега веќе знаеме на што сме. Со нас е јасно на што сте! – рече Георгиески.
Ние сме тие кои ги реализираат проекти. Ние сме тие кои градат улици, канализации, водоводи, реконструираат училишта. Ние сме тие кои обезбедуваат подобри услови за развој на туризмот и подобра социјална сигурност за сите граѓани, вели Георгиески.
Ние сме тие кои носат храбри одлуки и затоа од нас знаете што може да очекувате. На спротивната страна се политичари полни со омраза и очај, кои ќе го однесат Охрид во непознат правец, затоа што немаат концепт, немаат програма, а немаат ни дефиниран став и јасен одговор за ниту едно стратешко прашање за Охрид. Тие знаат да кажуваат само лаги, манипулации и популизам. Tие имаат капацитет да снимаат само реклами во нивната Бела палата, изградена со вашите пари, додаде Георгиески.
Да не дозволиме нивната безидејност, блокади и кочничарење да го спроведуваат и во Охрид. Конечно да го завршиме нивното време и да не им дадеме пак да ја ограбуваат општината и државата! Да го избереме најдоброто за Охрид. Ова е моментот на одлука. Ајде заедно да инвестираме во сегашноста и во иднината на нашите деца. Убедени сме дека заедно со вас уште во првиот круг, ќе донесеме уште една голема победа за Охрид, додава Константин.
OhridNews