Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Константин Георгиески ги отфрла обвинувањата изнесени на вчерашната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ во Скопје, дека „наместо раздолжување на општината, се врши масовен предизборен поткуп на голем дел од фирмите кои имаат побарувања по различни основи од општината“.

Георгиески наведе дека на завчерашната седница, Советот на општина Охрид  донел историска одлука со која Охрид го намалил долгот натрупуван 3 децении за  2/3.

  • Поточно, долгот го намаливме за вкупо 948,023,989 денари или околу 15,400,000 евра. Од оваа сума : 495,679,436 денари се обезбедени од страна на Владата, 260,000,000 денари по основ отпис на камати кои општината ги испреговара со доверителите и 192,344,553 денари обезбедени од буџетото на општината. Второ, општината, како и сите други согласно Законот за финансиска поддршка на ЕЛС, имаше рок до 1ви јуни да ја направи финалната листа. Имајќи во предвид дека вториот круг од изборите е закажан за 5ти мај ,не постои апсолутно никаква гаранција дека Советот ќе се состане до 1ви јуни. Во таква состојба ние како одговорно раководство не сакавме да ја пропуштиме дадената историска можност што ни ја возможи Владата заедно со дополнителните ангажмани и финансии обезбедени од општината, Охрид од должник рекордер во државава да го направиме кредибилен партнер на финансиските институции и бизнис секторот генерално, рече Георгиески.

При тоа, постави прашање- Зошто ваков чекор претходно не презела и локалната и централната власт на ВМРО ДПМНЕ.

  • За ДПМНЕ остана срамот од предходното нивно владеење, но останува и овој завчерашен срам. Наместо да учествуваат во овој историски процес за Охрид и во оваа инвестиција во сегашноста и во идината на нашите поколенија,советниците од ДПМНЕ по налог на белата палата од Скопје , гласаа воздржано. Веројатно и нив им пропработе малку совеста па им беше непријатно да гласаат против. Сепак ,тие ќе треба да се соочат со гневот на охриѓани и со сопствената совест, а не пишувачите на лажни вести од белата палата во Скопје. За крај ,знаејќи го форматот на политичкиот противник ,верувајте дека не очекуваме аплауз од нив на отворена сцена,но очекуваме барем да не го блокираат развојот на Охрид за ситни, дневнополитички и ситнопартиски интереси, потенцира Георгиески.

OhridNews