Реализација на реални проекти за Охрид напиша кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за Охрид“, Константин Георгиески, на фејсбук профилот.
Предвидуваме изградба на нова улица „Јордан Мијалков“ и реконструкција на улиците „Партизанска“, „Димитар Влахов“, „Галичица“, „7-ми Ноември“, „Илинденска“, „Шар Планина“, „Даме Груев“, „Момчило Јорданоски“, „Бекир Алириза“, „Веле Марко“, „Винковачка“,„Тетовска“ и „Ѓорче Петров“. Со сите успеси кои ги постигнавме во делот на инфраструктурата покажавме дека сме суштински поразлични од претходниците. Продолжуваме заедно со граѓаните, да работиме за интересите на Охрид, напиша Георгиески.
Георгиески додава дека реализираат проекти, градат улици, канализации, водоводи, реконструираат училишта.
Ние сме тие кои обезбедуваат подобри услови за развој на туризмот и подобра социјална сигурност за сите граѓани. Ние сме тие кои носат храбри одлуки и затоа од нас знаете што може да очекувате. Охрид заслужува да оди напред, а охриѓани го заслужуваат најдоброто, вели Георгиески.
Во Охрид е инвестирано како никогаш до сега, и покрај сите турбуленции, проектите не застанаа ниту еден момент и постигнавме реализација каква што немало во цела претходна деценија додава Георгиески.
Н.С.Ј.