Продолжуваме да работиме на подобрување на условите за најмладите вели кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата, Константин Георгиески.

Предвидуваме изградба на нови детски игралишта во секоја населба и село во општината. Преземаме конкретни мерки за намалување на листите на чекање за упис во градинка. Подготвуваме анализа на потребите и ги прошируваме капацитетите на сите објекти на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“. Изготвуваме проекти за реконструкција на сите објекти на градинката и проект за изградба на нов објект за сместување на деца, по сите современи стандарди, вели Георгиески.

Додава дека е планирана набавка на нова опрема и нагледни средства, со цел дечињата да имаат пријатен престој и соодветно згрижување, како и во подготовка е и програма за подобрување на условите за исхрана во градинките и училиштата.

OhridNews