Наша мисија е да ја сочуваме светоста на целокупното природно богатство кое го поседуваме. Затоа предвидуваме Спас за Студенчишкото Блато, истакна на денешната прес конференција носителот на кандидатската листа од СДСМ, Константин Георгиески.
– Тоа е природен феномен од особено значење за Охридското Езеро и е негов интегрален дел. Населено е со најразлични видови растителен и животински свет. Нивото на неговата моментална заштита е недозволива. Затоа предвидуваме наместо 4 до 5 хектари, заштитата да опфаќа површина од 50 до 70 хектари, речеГеоргиески .
Потенцира дека освен што е потребно да се заштитат сите негови делови, неопходно е и да се ревитализира тоа што низ годините е уништено и опустошено.
– Блатото е последниот филтер на езерото и неопходна е иницијатива за негово спасување. Со проектот „Спас за Студенчишкото Блато“ се предвидува зголемена заштита на рибниот фонд со посебен осврт кон преземање мерки за заштита на ендемичната охридска пастрмка. Со овој проект се заштитува Студенчишкото блато како природен филтер на езерото, се зголемува протокот на вода, се зачувува растителниот и животинскиот свет, мрестот на крапот и гнездењето на птиците. Со зачувување на Студенчишкото блато ќе го зачуваме целокупниот езерски еко систем, истакна Георгиески.
Додаде дека целта е да се создаде отворена општина, општина која е подготвена да ги слушне сите добронамерни идеи со цел да се решат проблемите поврзани со заштитата на животната средина.
OhridNews