Посветени сме на проекти за подобрување на условите за младите охриѓани, вели кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ и коалицијата, Константин Георгиески.

 

Доделивме вкупно 700 ученички и студентски стипендии за две години, реализираме вредни инвестиции за подобрување на условите во сите училишта, даваме голема поддршка за развој на спортот и спортските клубови, започнавме процедура за отстапување на простор и формирање Младински Центар во поранешната касарна, стои во соопштението од Георгиески.

Тој, доколку ја добие довербата на охриѓани во вториот круг од локалните избори, најавува изготвување на  младинска програма, младински буџет, стратегија за млади, стипендии за млади и стартап програми за поддршка на бизниси.

 

OhridNews