Во претходните 18 дена охридската и пошироката јавност ја запознававме со нашите идеи, планови и конкретни мерки за Охрид да биде место со кое сите ние ќе се гордееме. Во овој период водевме исклучително позитивна кампања, што не може да се каже за нашите политички противници, истакна кандидатот за градоначачлник од СДСМ д-р Константин Георгиески.

Го промовиравме сработеното, а посебен акцент ставивме на нашата програма за идниот период. Програма, составена од реално остварливи проекти базирани на проблемите и потребите на охриѓани.
Од другата страна, за жал, имаме политички противник кој не успеа да се надмине себеси па својата безидејност и немоќ се обидува да ја компензира со ниска, примитивна кампања. – рече Георгиески.

Нивната реторика, составена од лажни вести, клевети и навреди, започна уште пред почетокот на кампањата а континуирано го засилуваше интензитетот во текот на овие 18 дена. Јас лично, како кандидат за градоначалник и како вршител на должноста градоначалник на Охрид сум изложен на серија дрски, безобзирни напади базирани на лаги и инсинуации. Атакува политичкиот противник на мојот личен интегритет и кредибилитет, потценувајќи го Охрид и охриѓани. Но дури и тоа е разбирливо. Авторите на црната кампања се во белата палата во Скопје а нивните читачи на соопштенија и говори од охридскиот комитет, очигледно, и не знаат подобро. Затоа, горд сум на наративот и високото ниво на политичка култура кое го покажавме за време на кампањата. Воведуваме нови стандарди. Времето на манипулаторите и сеачите на магла е завршено. Има разлика! Има голема разлика а охриѓани најдобро го знаат тоа. – истакна Георгиески.

Охрид, додаде Георгиески, има огромен потенцијал, но му се потребни вистински луѓе, посветени професионалци кои тимски, заедно, ќе го направат посакувано место за живеење и светска туристичка дестинација.

Ние ги знаеме приоритетите за развој на Охрид и одиме заедно напред. Охрид заслужува да оди напред, а охриѓани заслужуваат повеќе. – рече Георгиески.

Георгиески ги повика охриѓани на присуствуваат на големиот завршен митинг на СДСМ, вечерва на Градскиот плоштад, со почеток од 20 часот и 30 минути.

OhridNews