Со цел понатамошно заштитување на животната средина и на езерото во претстојниот мандат ќе бидат вложени максимални напори за искористување на странски фондови за финансирање проекти и поголема искористеност на донаторските средства и подобрување на целокупната инфраструктура за заштита на животната средина, најави денес кандидатот за градоначалник од СДСМ и Коалицијата Константин Георгиески

Со цел да ја продолжиме заштитата на животната средина и на езерото, во текот на претстојниот мандат ќе вложиме максимални напори за искористување на странски фондови за финансирање проекти и поголема искористеност на донаторските средства и подобрување на целокупната инфраструктура за заштита на животната средина, истакна Георгиески

Тој додаде дека со  отпочнувањето на реконструкцијата на колекторскиот систем се решава сложен и сериозен проблем кој и беше еден од приоритетите на Локалната.

За да се зачува статусот на УНЕСКО беше формирано новото јавно претпријатие „Колекторски систем“ во кое Владата инвестираше 256 милиони денари за санација на најкритичните делови на колекторската линија. Како локална власт бевме дел од целокупниот процес на новото јавно претпријатие и поделбата на МЈП Проаква со што се решија долгогодишните проблеми со натрупаните милионски долгови кои исто така беа сервисирани со поддршка на Владата.

Приоритетни проекти во Планот за реализација се изградбата на пречистителни станици во селата Трпејца, Љубаништа, Косел и Орман. Изминатите четири години се работеше напорно со силна поддршка на централната власт. Во Охрид е инвестирано како никогаш досега, таа силна динамика мора да продолжи, никој не смее да ги кочи проектите, бидејќи од проектите зависи квалитетот на животот на нашите граѓани, најдобрите проекти носат развој, а развојот носи подобар живот, заклучи Георгиески.

 

K.A.