До сега покажав што значи љубовта за Охрид и дека моите намери се искрени и чесни. Јас сум човек што никогаш не се откажува и затоа продолжувам заедно со вас уште посилно, уште похрабро, уште попосветено да работам за интересите и иднината на нашиот град, вели денес кандидатот од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Константин Георгиески, по добиените првични резултати од првиот круг од локалните избори.

Ви благодарам за довербата и поддршката која ми ја давате. Таа е мој мотив и сила да продолжам понатаму во уште една важна битка. Охрид мора да продолжи да оди напред, во Охрид мора да победат искрените намери, вистинските проекти и мерките кои носат подобар живот за сите, рече Георгиески.

Додава дека верува во сограѓаните и во нивната вистинска одлука со која нема да дозволат Охрид да се врати назад во рацете на режимски политичари без визија и концепт.

OhridNews