Охрид ќе биде град каде што спортот и физичкото образование ќе бидат примарни за здравјето и начинот на живот на сите граѓани, вели кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Константин Георгиески. Тој најави дека ќе продолжи поддршката за спортските клубови, како и нови инвестиции за развој на спортот.

 

Само оваа година од буџетот на Општина Охрид беа издвоени 27 милиони денари за спорт од кои 9 милиони денари за РК Охрид којшто е суперлигаш, 6 милиони денари за ФК Охрид, 2.7 милиони денари за ФК Воска, а со остатокот од средствата се субвенционираат фудбалски школи и други разни спортови, истакна Георгиески

Тој истакна дека за време на неговиот мандат била изградена и новата источна трибина при СРЦ Билјанини Извори во вредност од 1 милион евра со капацитет од 1480 седишта, а најави изградба на уште една трибина.

Во текот на претстојниот мандат градиме уште една нова трибина на стадионот Билјанини Извори од западната страна и поставување на  две нови монтажни трибини. Со ова, Охрид ќе добие функционална и современа фудбалска арена со над 5000 седишта на која ќе може да се играат натпревари од А селекцијата, вели Георгиески

Тој додаде дека се планира поголем развој на училишни и ученички спортски клубови како и дека се подготвуваат проекти за развој на водените спортови во согласност со потребите на клубовите за водени спортови.

 

Предвидуваме воведување вон наставни спортски активности во основните и средните училишта преку програмите за спорт. Поттикнуваме изградба и обнова на училишните спортски сали и терени и обезбедуваме изградба на нови маалски игралишта и баскет терени, додава Георгиески

Кандидатот за градоначалник потсети и на планот за инвестиција во нова спортска и рекреативна инфраструктура во комплексот на поранешната касарна.

 

 

К.А.