Постојано работиме на проекти за намалување на разликите помеѓу градските и селските средини и нашата цел е да обезбедиме инфраструктура за сите. Во изминатиот период реализиравме голем број проекти во руралните подрачја на нашата општина, вели кандидатот за гардоначалник од СДСМ, Константин Георгиески во обраќањето до граѓаните. Кандидатот за градоначалник потсетува дека веќе се асфалтирани неколку улични краци во селата Лескоец,  Велгошти, Љубаништа и Коњско, извршена е и реконструкција на пристапни патеки и тротоари во селата Косел, Пештани и Горно Лакочереј, како и реконструкција на патниот правец Косел-Вапила.

Во наредниот период ќе бидат реализирани и низа активности за уредување и реконструкција на неколку локални патишта во селските средини на општина Охрид. Планирана е изградба на патен правец во село Велгошти до црквата Св. Никола и реконструкција на локалниот пат од село Вапила до село Расиново во должина од 3300 метри. За овие два патни правци веќе се изработуваат основни проекти. Исто така во тек е изработка и на основен проект за Изградба на патен правец од село Лакочереј до село Лескоец, вели Георгиески.

Информира дека во рамки на Годишната програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици планирана е Изградба на локален пат од село Свиништа до црквата Св. Богородица во должинаод 1050 метри; Реконструкција на локалниот пат за село Куратица во должинаод 5.500 метри; Изградба на дел од локален пат за село Плаќе; Реконструкција на патните правци за селата Завој и Свиништа и Реконструкција на локален пат од Регоналниот патен правец Охрид-Св Наум до автокампот Љубаништа во должина од 990 метри.