Никој не е против Планинската спасителна служба (ПСС), туку мора да се најде вистинскиот модел за функционирање на службата. Ова денеска го изјави градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, по жестоката реакција на ПСС на одлуката на градскиот совет кој вчера не ја прифати Предлог одлуката за финансиска поддршка на службата.
Мене не ми е јасно зошто проблемите да ги решаваме на социјалните мрежи. Советот едноставно не се убеди во начинот ние да ја финансираме Планинската спасителна служба. Не може ние како Општина да префрламе пари на организација која се декларира како волонторска, а во извештајот стои финансии за плата за волонторите, – рече Георгиески.
Тој додаде дека Општината со ПСС и Црвениот крст има одлична соработка.
Заедно сме организирале разни настани, а во пандемијата тие со мобилните тимови беа во служба на граѓаните. Со одлука на Советот им го доделивме Планинарскиот дом во Велестово, што значи дека секогаш сме биле на иста бранова должина. – истакна Градоначалникот.
OhridNews