Во фаза сме на реализација на многу идеи и проекти за обезбедување на сообраќајни решенија кои се важни за сите граѓани. Нашата цел е Охрид да добие инфраструктура која ќе овозможи негов одржлив развој, како туристички и културен центар, рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од СДСМ, Константин Георгиески.
- Со поддршка на Министерството за транспорт започна реконструкцијата на главната сообраќајница во градот ‒ булеварот „Туристичка“. Минатата година ја реконструиравме улицата „Македонија“ во центарот на Охрид, а беа асфалтирани повеќе улици, тротоари и патеки во урбaните и руралните подрачја. Во тек е изработка на нова Сообраќајна студија за Охрид, а имаме подготвено и значајни инфраструктурни проекти за реконструкција на неколку градски сообраќајници. Во план е реконструкција на улицата „Македонски Просветители”. За оваа улица веќе е изработен основен проект и со негова реализација централното градско подрачје ќе добие сосема нов и современ лик, информира Георгиески.
Потенцира дека по долги години, конечно се решава проблемот со улицата „Абас Емин”.
- Изработен е проект за реконструкција, кој е предвиден во Развојната програма за уредување на градежно земјиште и истиот ќе се реализира веднаш по реализацијата на проектите за реконструкција на водоводната линија, канализационата мрежа и атмосферската канализација на улицата. За овие три проекти е добиено одобрение за градба и истите се испратени до Министерство за транспорт и врски и се чека објавуавање на Тендер за реализација, нагласи Георгиески.
Додаде дека со поставување на атмосферската канализација, ваќе се започнати активности за реконструкција на улицата „Егејска” во целата нејзина должина од улицата „7-ми Ноември” до крстосницата со улица „Железничка”. Информира дека во Развојната програма за уредување на градежно земјиште предвидена е и реконструкција на дел од улица „7-ми Ноември” од пресекот со улица „Егејска” до пресекот со улица „Железничка”, а во тек е подготовка на основен проект за реконструкција на улицата„1-ва Македонска Ударна Бригада” од крстосницата со „Питу Гули” до „Стобекс” – Делница 1.
Во фаза на подготовка е и основен проект за рехабилитација на улицата „Јане Сандански” од Кружен тек кај Гимназија до Кружен тек кај Болнички комплекс, а планирана е и реконструкција на улицата„АСНОМ” од пресек со Булевар „Туристичка” до пресек со улица „Карпош Војвода”.
- Со реконструкција на овиеулици, Охрид ќе добие сообраќајна мрежа во согласност со сите современи текови и ќесеовозможатусловизабезбеден и динамичен сообраќај, што е од исклучителна важност и за жителите на Охрид и за туристите кои секојдневно го посетуваат градот. Работиме посветено, одговорно и домаќински, со цел да ги реализираме приоритетните проекти за Охрид и да обезбедиме подобра иднина за нас, нашите деца и за нашите поколенија. Само заедно можеме да имаме вистински и мерливи резултати!, порача кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ.
OhridNews