Само што започна, заврши продолжението на 28-та седница на советот на општина Охрид на која беше предвидено да биде презентирана информација околу состојбата и начинот на користење на плажите на територија на општина Охрид. Градоначалникот Константин Георгиески ги повлече од дневен ред двете точки, меѓу кои и предлог- одлуката за давање согласност на Одлуката за усвојување на изменет годишен план за вработување во ЈП „Нискоградба Охрид“ Охрид за 2019 година.

Со одлуката за времен прекин за постапување по урбанистички планови, на локалната самоуправа и се „врзани рацете“ за да може да распише нов јавен повик за плажите, затоа што тоа е постапување по урбанистички план“, објаснува градоначалникот во врска со состојбата со охридските плажи кои подолго време се без договори за издавање под концесија.

Градоначалникот додава дека во врска со плажите побарана била информација и од страна на Антикорупциската комисија, а обемната документација е веќе испратена.

  • Ќе составиме еден сублимат од тоа и на следната седница извештајот ќе биде доставен, ќе ги има сите детали. Состојбата ќе биде решена набрзо. Немаме основ по кој сега ние да наплатиме. Ние не можеме да донесеме решение за забрана за вршење на дејност на плажите. Единствено што можам е да постапам по решението донесено во јуни 2017 година, после завршување на концесиите, а тоа е за отстранување и враќање на плажите во првобитна состојба, изјави градоначалникот Георгиески.

Потенцира дека решенијата за рушење се издадени уште во јуни 2017.