Младите охриѓани имаат капацитет да бидат носители на многу позитивни промени во нашиот град, тие се важен ресурс за иновации и развој. Нашата цел е да ги мотивираме да се вклучат во заедничката мисија да го направиме Охрид посакувано место за живеење и да создадеме услови за подобра иднина, рече на денешната прес конференција Емилија Нестороска од СДСМ.
- Имаме конкретни планови со кои ќе ја подобриме положбата на младите во Охрид. Ќе отвориме Канцеларија за млади која што ќе биде посветена на младите луѓе во сите сегменти на општественото живеење. Ќе ги вклучиме и ќе ги консултираме младите во донесување на одлуките на локално ниво, а ќе работиме на проекти за едукација, професионална надградба и личен развој на младите во општината, рече Нестороска.
Додаде дека канцеларијата ќе функционира како локален сервис за младите граѓани икако оперативно тело на локалната самоуправа кое ќе има за задача да ги афирмира младитеохриѓани и да ги вклучи во општественото делување.
- Исто така канцеларијата ќе работи и како креативен центар кој ќе има за цел да им помага на младите во нивната професионална ориентација и да ги поттикне да се активираат во културниот и спортскиот живот на општина Охрид, потенцира Нестороска.
Канцеларијата ќе има за цел да го промовира значењето на волонтерската работа, да дава поддршка на младинските иницијативи и проектии да изнаоѓаначинза нивно финансирање, ќе биде и главен иницијатор за креирање на општинска Стратегија за млади.
OhridNews