„Урбана култура“ е еден од клучните проекти во нашата предизборна програма кој наскоро започнува да се реализира. Со овој проект се обезбедува комплетно нова слика на најцентралниот и најфреквентниот дел на градот, вели кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата Константин Георгиески

Како прва фаза од реализацијата на проекот е реконструкцијата на плоштадот „Чинар“ заедно со пешачката улица „Гоце Делчев“. Реконструкцијата предвидува замена на постојниот плочник со нови гранитни плочки, замена на постојната фонтана, уредување на просторот околу „Чинарoт“, нова урбана опрема и осветлување. Целата предвидена постапка е завршена и во моментот се чека Конзерваторско одобрение од Управата за заштита на културно наследство, кое беше аплицирано на 15-ти јули оваа година, стои во соопштението од Георгиески

Со планот за враќање на автентичниот изглед на Охридската чаршија се предвидува поплочување на целата површина со гранитни плочки од „Чинарот“ до градскиот плоштад како и унифицирање на излозите и  рекламните паноа на деловните објекти.

Најважен дел од проектот „Урбана култура“ е реконструкцијата на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“, кој предвидува поплочување на целата површина, поставување на автентична урбана опрема, осветлување и современо хортикултурно уредување. Активностите и градежните зафати ќе бидат во согласност со сите предвидени мерки за заштита и чување на препознатливите визури на градот, додава Георгиески.

Во рамки на проектот „Урбана култура“ предвидени се мерки за замена на бехатон плочките од сите локации во заштитениот дел на градот со природни материјали, согласно староградската архитектура.

Спроведуваме сериозна одговорност, грижа и одржливо управување со културното и историското наследство на Охрид, согласно препораките на УНЕСКО. До сега покажавме дека имаме капацитет да реализирање на големи и важни проекти за градот, додава Георгиески.

OhridNews