Градоначалникот Константин Георгиески упати уште еден апел до граѓаните на Охрид, одговорно да го прослават празникот Водици, без масовни собирања и да ги почитуваат здравствените протоколи.
Драги сограѓани, ја користам оваа прилика да ви го честитам утрешниот празник Богојавление-Водици, а воедно и да апелирам се воздржиме од масовни собири и групирања при негово прославување. Оваа година поради пандемијата со Ковид-19 ќе се одржуваат само утрински богослужби во црковните храмови и во таа прилика потсетувам на задолжително придржување на препораките за заштита од вирусот Ковид-19. Сега здравјето е најважно, оваа година да празнуваме со најблиските, а следната во поголем број да ја продолжиме традицијата. – порача градоначалникот Георгиески во празничната порака до охриѓани.
OhridNews