Додека јас и кандидатите од коалицијата секојдневно ја презнетираме програмата со најдобрите проекти за Охрид, од спротивната страна имавме можност да слушнеме само паушални ветувања, копирани идеи и најава за проекти кои се веќе во поодмината фаза на реализација. Презентираа дека во нивната програма има проект за изградба на катна гаража, а не кажаа ни еден детал како ќе изгледа. Тоа е така, затоа што, тие неможат да имаат детали, затоа што деталите ги имаме ние. Затоа што ние работевме на овој проект, истакна на денешната прес конференција, кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Константин Георгиески.
Финализирана е постапката за изградба на нова катна гаража на локација во близина на градскиот пазар. Беше изработена физибилити студија и беше извршена експропријација на земјиштето, Владата има веќе донесено Одлука за трајно користење на земјиштето. Изработен е проект за изградба на катната гаража и добиена е согласнот од Владата за распишување на повик за јавно приватно партнерство. На 12 октомври, пред два дена, го добивме и потребното конзерваторско мислење од Управата за заштита на културното наследство. Веднаш по изборите ќе биде распишан повикот за јавно приватно партнерство. Катната гаража ќе биде изградена по сите современи стандарди на површина од 1215 m2 , со бруто развиена површина од 6875 m2 и ќе биде наменета за повеќе од 150 возила. Објектот ќе располага и со деловен простор, од кои на општината ќе и бидат на располагање околу 800 m2, рече Георгиески.
Помалку изгледа смешно, но кажуваат дека имале проект за реконструкција на улицата „Македонски просветители“. Но, повторно не презентираат детали како таа ќе изгледа, а причината за тоа е иста. Тие воопшто немаат детали затоа што, деталите ги имаме ние, затоа што ние посветено работевме на овој проект кој е пред почеток на реализација, додава Георгиески.
Реконструкцијата на оваа значајна сообраќајница е главниот инфраструктурен проект кој се реализира како дел од проектот за поврзување на локални патишта, имплементиран од Министерството за транспорт и врски со финснасиска поддршка од Светска банка. Се работи за модерно сообраќајно решение кои предвидува две одвоени коловозни ленти, со тротоари од двете страни, велосипедска патека, нова атмосферска канализација и ново улично осветлување. Сите тендерски постапки се комплетирани и завршени се сите процедури и наскоро треба да започнат предвидените градежни активности, потенцираше Георгиески.
Додава дека ветуваа дека ќе работата на проекти за реконструкција на улиците „Будва“ и „Прилепска“, а постапката за тие две улици е завршена и деновиве треба да започнат градежните работи за реконструкција.
Пред почеток за реализација е реконструкцијата на улицата „Гоце Делчев“ со која населбите Воска и Далјан добиваат нов инфраструктурен проект вреден 38 милиони и 500 илјади денари. Ова се средства кои ги обезбедивме од страна на Владата во рамки на програмата ТАВ за поддршка на инфраструктурни проекти. Со овие средства ќе се изврши целосна реконструкција на тротоарите и коловозот, а за поставување на нова атмосферска канализација се обезбедени средства од буџетот на општина Охрид.
Ние имаме детали за тоа што ви ветуваме, имаме одговор на секое прашање со факти и аргументи за разлика од опозицијата која нема дефинирано ниту детали и се крие зад банални и паушални обвинувања. Сериозно сме посветени на проектите и постапките за подобри услови за живот, додаде Георгиески.
OhridNews