По повод 5 мај, Денот на македонската азбука и македонскиот јазик, градоначалникот Константин Георгиески, упати честитка до сите Македонци.

Денешниот ден е од особено значење за сите Македонци, без разлика каде живеат, да продолжат да го негуваат и афирмираат македонскиот јазик и неговото кирилиско писмо. Нашиот Великан Блаже Конески во една прилика нагласил: “Јазикот е нашата најкомплетна татоковина“. Да ја следиме неговата мисла, да го негуваме нашиот јазик и кирилиската азбука, како најголема придобивка во зачувувањето на македонскиот идентитет. Нека ни е честит 5 мај, Денот на македонската азбука и македонскиот јазик – се истакнува во честитката на градоначалникот Георгиески.

OhridNews