Денес, е денот кога се присетуваме и ги славиме идеалите на илјадници македонски дејци, револуционери и борци за слободна и независна држава. Илинден е длабоко втемелен во кодот на Македонците, силно вкоренет во традицијата, а во колективната меморија важи за симбол на непокор на голем број херои кои се жртвуваа за слобода. Ова, меѓу другото, се истакнува во празничната честитка што ја испрати градоначалникот на Охрид Константин Георгиски, по повод 118 години Илинден и 77 години АСНОМ
Благодарение на нив, ние денес живееме во мир и во своја држава меѓународно признаена. Но борбата за подобро утре, посветла иднина не смее да запре. Како аманет на нашите предци кои се жртвувале за слободна и независна држава, нека ни биде борбата за подобра иднина за нас и нашите поколенија.
Нека ни биде честит Илинден и нека е вечно делото на двата Илиндена 1903 и 1944 година!
За многу години! – стои во празничната честитка на градоначалникот Георгиески.