Веќе некое време се верува дека интелектот е нешто што се наследува, а направените студии покажуваат дека до 75% IQ e генетска работа, а останатиот дел припаѓа на различни фактори од околината како школувањето и групата пријатели.
Досега сепак никој не успеал детално да докаже кои се точно гените задолжени за подобра меморија, внимание и брзина на процесирање на информациите. Кога сите „играчи“ се на своите позиции мозокот функционира оптимално, а кога тие гени се мутирани или лошо поставени се намалува и брзината и квалитетот со кој мислиме.
Научниците веруваат дека мора да постои некој “главен прекинувач“ кој ја регулира работата на мрежата и ако успеат да го најдат, би можеле секому да “вклучат“ интелигенција.
Во спроведената студија, објавена во списанието “Nature Neuroscience“ екипа научници ги прегледувала примероците на човечки мозок кај пациенти кои подлегнале на неврохируршки зафат поради епилепсија.Ги анализирале илјадниците гени па потоа резултатите ги комбинирале со генетска информација на здрави луѓе кои пишувале IQ тестови и луѓе со невролошки пореметувања како оние во спектарот на аутизам.
Претходно се мислело дека интелегенцијата ја одредува формација на церебралниот кортекс, познат како „сива материја“.
Авторот, професор Роберт Пломин, верува дека децата би требало да бидат генетски скенирани кога имаат четири години за да може да се создаде индивидуална програма според нивните потреби.
Сепак, други генетски експерти предупредуваат дека постоењето на интелигентни гени не гарантира успех.
извор:metro-portal.hr