Фудбалерите на Леванте изборија пласман помеѓу најдобрите осум екипи во Купот на Шпанија, совладувајќи го Ваљадолид со 4-2 (2-1), во рамките од осминафиналето.

 

Победата и успехот на Леванте го одбелажа Енис Барди, кој постигна генијален погодок од слободен удар. Репрезентативецот на Македонија на луциден начин, биејќи под ѕидот ја погоди мрежата и го анулираше водството од 1-0 на домаќините. Погодокот на Барди му даде крилја на Леванте, кој постигна уште два голови за предност од 3-1. Домашните фудбалери намалија на 3-2, но гостите со нов, вкупно четврти погодок ставија печат на победа.

Погодокот на Барди од слободен удар

Вечерва, за прогрес во топ 8 ќе се борат Бетис – Реал Сосиедад односно Жирона – Виљареал.

OhridNews