Тасманискиот ѓавол, животно кое живее во Австралија, поради генетски недостаток не може да развие отпорност против ракот кој го напаѓа неговиот организам, а научниците проценуваат дека од изумирање може да го спаси само човекот.

Многу единки од овој вид имаат рак кој за нив е смртоносен, заразен и се пренесува со каснување. Група стручњаци заклучила дека поради генетски недостаток на видот  не се во состојба да развијат отпорни механизми против болеста. Стручњаците од Универзитетот во Сиднеј  заклучиле дека болеста меѓу тасманиските ѓаволи се раширила во 90-те години со промена на клеточното ткиво кај едно животно. Клетките на ракот понатаму се пренесувале со каснување, изјавила Кетрин Белов од групата стручњаци кои ја истражувале болеста.

Тасманискиот ѓавол го добил името заради своето диво однесување, црното крзно и ушите кои при возбуда попримаат светлечка црвена боја. Тасманискиот ѓавол денес во природата може да се најде само на австралискиот остров Тасманија. Кај заболените животни се создаваат тумори на лицето кои им пречат при хранењето, така да на крајот тие умираат од глад.Се проценува дека популацијата на тасманиските ѓаволи е намалена за 90 отсто и сега ги има околу 100 000.

J.M.