Целата екипа која во 1991 година го освои купот на европските шампиони ќе биде шеста звездина звезда, јавија српските медиуми. Тимот во кој играа Дарко Панчев и Илија Најдоски го финалето во Бари на пенали го совлада Олимпик Марсеј.


На свеченоста која ќе се одржи во сабота ќе бидат поканети сите досегашни звездини звезди (Драгослав Шекуларац, Драган Џаиќ, Владимир Петровиќ-Пижон и Драган Стојковиќ-Пикси), како и член од фамилијата на починатиот Рајко Митиќ.

Ohridnews