Генералштабот на Армијата на Република Македонија денеска во вилата „Билјана“ во Охрид ќе реферира пред претседателот и врховен командант на Армијата Ѓорге Иванов за новата предлог-структура на АРМ.

Новата предлог структура на силите на АРМ произлегува од континуираниот процес на реформи во одбраната, почитувајќи ја потребата за изградба на ефикасна, мобилна и способна Армија, која што ќе продолжи да го јакне добриот однос со земјите членки на НАТО.

Таа има за цел да ја зголеми компатибилноста и интероперативноста со силите на НАТО, како во земјава така и надвор во мисиите каде што АРМ учествува веќе подолг период. Истовремено таа претставува еден дополнителен механизам за брз и ефективен одговор на сите евентуални современи предизвици, ризици и закани.

OhridNews