Генералното собрание на ОН денеска ќе ја продолжи вонредната седница посветена на ситуацијата околу Украина, изјави портпаролката на претседателот на Генералното собрание, Паулина Кубијак.

Предвидено е според агендата 11-тата вонредна седница на Генералното собрание да почне во 10 часот по локално време.

Во понеделникот до претставниците на најбројното тело на Светската организација беше доставена нацрт-резолуција за хуманитарната ситуација во Украина, по која требаше да се расправа во текот на вчерашниот ден, но поради организациски прашања беше одлучено расправата по документот да се одржи ден подоцна.