Eкипите на „Охридски Комуналец“ во текот на вчерашниот ден спроведуваа акција за генерално чистење на населбата „Гоце Делчев“.

-Бидејќи сообраќајниците од оваа населба се вклучени во поприоритетните улици кои се одржуваат со Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид за 2014/2015 година, темелно се метеа јавните површини од наноси од песок и земја и се расчистувал расфрланиот отпад, информираа од јавното препријатие.

OhridNews