Генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Филип Милошески ја посети спортската арена „Билјанини Извори“.
Директорот на Јавното претпријатие „Билјанини Извори“, Ристе Мишев го запозна Милошески со внатрешните инфраструктурни поединости кои ги нуди спортската арена.
Охрид заедно со Струмица и Скопје ќе бидат домаќини на Светското првенство за кадетки од 19 јули до 2 август оваа година.
В сабота се очекува финална инспекција од високи челници во Светската ракометна федерација.
Мх.П.