Во пресрет на денешната официјална промоција на Македонската Федерација за Хокеј на трева која се одржа во пресс – центарот на Агенцијата за млади и спорт, вчера во Охрид престојуваше Генералниот секретар на Европската Хокеарска Федерација, г-дин David R.Balburnie.
Генералниот секретар на Европската Хокеарска Федерација за време на неговиот кус престој во Охрид, се запозна со работата на двата клуба за хокеј на трева од Охрид, “Стик 2007” и “Витези” и ги посети културно-историските споменици во градот.
На денешната прес конференција во Скопје, покрај г-дин David R.Balburnieе како претставник на Европската Хокеарска Федерација, присуствуваше и Н.Е Амбасадорот на Кралството Холандија во Скопје, Simone Fillippini.
Федерацијата за хокеј на трева е најновиот член на македонското спортско семјество. Таа беше формирана неодамна во Охрид каде и ќе биде седиштето на федерацијата. Официјално таа беше промовирана денеска во Скопје.
ohridnews
(на фотографиите David Balburnie во придружба на ген.сек на МФХТ-Јован Лотески,
Спортскиот директор на МФХТ-Горан Никоски
и Извршниот Директорот на МФХТ-Васил Ложанкоски)