Генералниот директор на списанието „Arab Investor“, Назим Мухамед Махмуд Сабах ќе го посети Охрид во рамки на својот седумдневен престој во Македонија, кој започна на 11-ти мај 2015 година. Оваа посета е организирана од страна на амбасадорот на Република Македонија во Абу Даби Сашо Ташевски.

-Престижното списание „Arab Investor“ објави ексклузивно интервју со амбасадорот Ташевски, за промоција на Македонија како нова бизнис дестинација за инвеститорите и нов неоткриен бисер во Европа за туристите од Обединети Арапски Емирати и регионот. На основа на интервјуто магазинот „Arab Investor“,  кој ги покрива MENA земјите од Блискиот исток и Северна Африка објави и соодветна статија и посвети пет страници само за Македонија. По нивната посета на нашата земја ќе напишат дополнителни информации за инвестициските и туристичките можности во Македонија, информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.

Гостите освен во Охрид и Скопје ќе посетат и на неколку други градови во Македонија, со цел одблиску да се запознаат со македонската гостопримливост, традиционалната храна, како и природните и култирните убавини на нашата земја.

OhridNews