Охридскиот фудбалски клуб, денеска, со почеток во 17 часот ќе го одигра последниот контролен натпревар во подготвителниот период. „Рибарите“ на СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се судрат со тимот на Кораб од Дебар.

Охрид беше помеѓу првите екипи кои стартуваа со подготовките за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. Охриѓани предводени од Драган Бочески сериозно се фатија за работа и одработија одлични подготовки.

„Сино-белите“ одиграа контролни мечеви со прволигашки екипи во кои пружија солиден отпор, а, во првата тест средба со ривал од Втората лига славеа против Дрита со 3-1.

Денешниот натпревар со Кораб ќе се одигра без публика поради мерките за безбедност во ек на пандемија на коронавирусот.

OhridNews