Ракометарите и фудбалерите на Охрид, утре (сабота), на СРЦ „Билјанини Извори“ ќе ги одиграат последните контролни мечеви во зимскиот подготвителен период.
„Гладијаторите“, точно на пладне, ќе ги одмерат силите со Прилеп. Избраниците на Раде Стојановиќ во последната проверка ќе имаат задача да ги отстранат сите недостатоци и да ја доведат во врвот натпреварувачката форма. Охридските ракометари мечевите во пролетната полусезона ги отвораат со Куп дуелот против Делчево.
„Рибарите“ пак, во 14 часот, ќе се сретнат со ривалот од Втората македонска фудбалска лига, Велешта. Пулените на Драган Бочески бележат повеќе од солидни резултати во подготовките, а генералката со Велешта ќе биде одлична најава за дуелот со Кораб, во првата рунда од пролетната полусезона во Втората лига.
Поради мерките мечевите на СРЦ „Билјанини Извори“ се играат без публика.
OhridNews