Најголемата еколошка акција во нашата земја „Генералка Викенд“ ќе се одржи од 17-19 мај во сите 81 општина, но и Националните паркови Шар Планина и Галичица.
Мен енд Маунтен, заедно со главните стратешки партнери Пивара Скопје и Пакомак, четврта година по ред ја организира масовната еколошка акција.
Повеќе од 16 000 волонтери од над 200 организации, граѓански, спортски и пензионерски здруженија и од повеќе од 300 образовни институции се очекува да излезат и да чистат на над 300 локации, инфомираат организаторите.
Волонтерите од Пивара Скопје во петок, на 17 мај, ќе собираат отпад на археолошкиот локалитет Кале заедно со сите партнери и волонтери од Град Скопје.
Партнерската улога на Пивара Скопје во „Генералка Викенд“ ја гледаме како дел од нашата долгорочна стратегија за одржлив развој, и е продолжение на активностите под платформата „Свет без отпад“ и иницијативата „Нула емисии на СО2 во атмосферата“. Нашата должност како корпоративен граѓанин е да придонесеме за одржлива средина и апелираме до сите со кои ги делиме истите вредности, да ни се придружат во создавање на одржлива иднина за сите, изјави Снежана Савиќ Димовска, директорка за корпоративни политики и одржливост на Пивара Скопје.
Пакомак четврта година по ред ја поддржува оваа акција за чистење на локации ширум Македонија, вели Филип Ивановски, извршен директор на Пакомак.
Со вакви активности, симболично покажуваме дека со секој килограм селектиран и рециклиран отпад, придонесуваме за позелена планета и поздрава животна средина, додава Ивановски.
За секои 10 кг собран отпад, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со Националните шуми посветуваат по 1 дрво во нивните годишни планови за пошумување. Од 2022 година поради „Генералка Викенд“ беа засадени повеќе од 100.000 дрвја.
Како и лани, на листата официјални партнери водат Шпаркасе банка и Нула Отпад, на кои годинава им се придружуваат и Макстил, Бучим Боров Дол, ЕВН, Бимилк и Костал. Црвениот крст и оваа година ќе се грижи за безбедноста на учесниците низ државата.
OhridNews