Фудбалерите на Охрид, утре (сабота) точно на пладне на СРЦ „Билјанини Извори“ против тимот на Питу Гули од Крушево ќе го одиграат последниот натпревар во рамките од зимските подготовките.

Дуелот со второлигашот од истокот ќе биде генерална проба за фудбалерите и последен филтер за охридскиот стратег Драган Бочески пред стартот на пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига. Во првата рунда „рибарите“ ќе се сретнат со Лабуништа во локалното дерби.

Во подготвителните натпревари Охрид ги совлада Караорман (3-1), Велазерими (1-0) и Млади Радник од Србија со 4-1. Ремизираше со косовски Кек 4-4 и со Гостивар 1-1, додека минимално изгуби 0-1 на дуелите со Кораб односно Мачва Шабац.

OhridNews