Генералите од Македонија и Албанија ќе ги одмерат силите, но не на војно поле туку во пријателски  натпревар во мал фудбал што ќе се одржи во салата „Билјанини извори“.

ГШ на македонската армија ќе го предводи генерал-потполковник Мирослав Стојановски, а неговиот албански колега Луан Хоџа, ќе ја води екипата на албанскиот ГШ.

Средбата во Охрид е реванш, бидејќи овие две екипи веќе одиграа еден натпревар  во септември минатата година во Подградец.

ohridnews